-->
-->
„Туркиш Ерлајнс“ откажа 116 летови од Истанбул
-->
Во очекување на обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул, турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, што беа планирани за денеска и за утре.
Според електронското издание на весникот „Хуриет“, сите патници кои денеска и утре требало да патуваат со авионите на „Туркиш Ерлајнс“ од или кон Истанбул, подетални информации за откажувањата може да добијат на веб страницата на авиокомпанијата.
Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и тракетите преку Босфорот, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава