Туристичките потенцијали на Македонија се презентираат на саем во Берлин
Активниот туризам и културните и природните туристички знаменитости на Македонија се промовираат на Саемот за туризам што се одржува во Берлин од 8 до 12 март.

На саемот својата понуда ја презентираат македонските туроператори Бадем тур, Вардар експрес, Фибула, Глобус травел, Бтб турс, Буши ресорт и спа и Гобалканс, а промоцијата на македонските туристички потенцијали ја организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
За време на саемот се одржуваат многу активности, но голем фокус е ставен на претстојната конференција на Пацифик-Азиската Туристичка Асоцијација „PATA”.
- Денес на свечениот коктел на „PATA”, во организација и покровителство на „ITB” беше промовирана Глобална Конференција (PATA Global Insights Conference-PGIC) како дел од Самитот за туризмот 2017 кој ќе се одржува во Македонија пред гости од целиот свет. Ова е идеална прилика Македонија да ги собере на едно место важните чинители во светскиот туризам, но и да се претстави како дестинација којашто е во интензивен подем. Овој тип на промотивни алатки овозможуваат брза и ефикасна промоција и воедно брендирање и позиционирање на земјава повисоко во светската туристичка индустрија, а со тоа и зголемување на бројот на туристите и девизниот прилив од туризмот, изјави директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Лела Крстевска.
Од Агенцијата истакнуваат дека е договорено потпишување на меморандум за соработка со JICA (Japanese international cooperation agency) со Македонија, којашто заедно со останатите балкански земји како Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе го промовираат балканскиот регион во Јапонија. На состанокот, како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, учествувале претставници од македонскиот приватен сектор кои биле поканети во Токио да учествуваат на бизнис средби со јапонските туристичките оператори.
Годинава на саемот учествуваат излагачи од 187 држави од пет континенти. Туристичката понуда е претставена во 24 хали, а се очекува саемот да биде посетен од 26.000 конференциски посетители, 60.000 приватни и 120.000 трговски посетители.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
