Турците заинтересирани за организирани тури во Македонија

Туристичката понуда на Македонија деновиве беше промовирана пред 40.000 посетители на саемот за туризам во Измир, Турција.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која го организираше учеството, на саемот од 8 до 11 декември учествуваа преку 1.000 излагачи, а заинтересираноста за организирани тури во Македонија и Балканот беше огромна.
Претставници на Агенцијата остварија бројни состаноци со турски тур-оператори меѓу кои и Pronto Tour, Ecc tour, Fides travel, Enka Tatil, Ephesus travel, Italtur, Мika tur, Сakra tur, Travel to business (MICE agency), Ѕuveys tur,...
Штандот на Македонија на кој ко-егзибитори беа Балканс тајм, Бадем тур, Ибегалис и Буши респрт&спа, го посетија турскиот министер за култура и туризам, Наби Авци и градоначалникот на Измир, Азиз Коцаоглу.
Според Агенцијата, турските туристи се главно повозрасни (40-65 години) и се заинтересирани за групно патување, додека помладите сакаат патувањето да им трае подолго и да го организираат по сопствена желба. Кога се во посета на Македонија и Балканот, Турците се заинтересирани за историја, култура и храна кои доаѓаат како резултат на блиската историја на овие две земји и желбата на Турците да ја истражат истата.
Поради фактот дека 2016 година е една од најслабите за Турција во поглед на туризмот со регистриран огромен пад во бројот на туристи, очекувањата на турските тур-оператори за 2017 година се насочени кон стабилизација, па и раст во бројот на туристи како и на интересот за патување.
Ново на Сител
-

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“
-

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра
-

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес поради сообраќајна несреќа
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, приведени 55 лицa за безобзирно управување на возило
