Loading Video...
Балкан
15. May 2023 - 19:38

Турците во Македонија мнозински го поддржаа противкандидатот на Ердоган

Освен на територијата на Турција, турските државјани можеа да гласаат секаде низ светот, па и во Македонија.  

Во турската амбасада во Скопје на гласање излегоа околу 4.000 лица. Според објавените резултати, повеќе доверба во земјава доби лидерот на опозицијата Кемал, за него гласаа а 51,81 проценти, додека пак актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган освои 38,95 отсто од гласовите во Македонија.  

Со мала разлика на парламентарните избори повторно води опозицијата. Во Германија каде живеат милиони Турци, за Ердоган гласаа 64 проценти, а дупло помалку за лидерот на опозицијата. Токму во оваа земја Ердоган ги повика своите сонародници да се интегрираат, но не и да се асимилираат. 

Во САД спротивна слика, турската опозицијата води драстично со речиси 80 проценти од гласовите, наспроти 17 насто за актуелниот Ердоган. Главната борба сепак ќе се води во Турција, каде во вториот круг претседателски избори одат Ердоган со освоени 49,50 проценти и опозиционерот Киличдароглу со 44.67%.  Во трката за парламентот кој брои 600 места води коалицијата на Ердоган со 321 мандат, додека сојузот на Киличдароглу има 215 мандати. 

Турција повторно ќе бира претседател на 28-ми мај. Клучен фактор за тоа кој ќе победи ќе биде поддршката на третиот претседателски кандидат, националистот Синан Оган кој во првиот круг освои пет проценти од гласовите.