Турција се повлече од Самитот за Либија во Палермо

Турција се повлече од Меѓународната конференција за иднината на Либија, што се одржува во Италија.
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека одлуката е донесена поради „длабокото разочарување“ на Анкара поради тоа што била исклучена од некои разговори.
– Секоја средба што ја исклучува Турција ќе биде контрапродуктивна за решавање на тој проблем, рече Октај.
Тема на дводневната конференција, која вчера и денеска се одржува во Палермо, е новиот мировен план на Обединетите нации за стабилизација на Либија.

Премиерот на Либија Фајез ел Сараџ, чија Влада е сместена во западниот дел на земјата, денеска во Палермо се сретна со командантот Калифа Хафтар, кој го контролира поголемиот источен дел на државата, изјави неименуван извор од италијанската влада.
Хафтар претходно најави дека нема да учествува на конференцијата, но допатува во Палермо и ќе присуствува на средбите на маргините на конференцијата.
Неговата средба со Сараџ е прва по мај.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
