-->
-->
Турција повторно побара од Грција екстрадиција на офицерите
-->
Турското Министерство за правда испрати второ барање до Грција за екстрадиција на турските офицери, осомничени за вмешаност во обидот за државен удар во јули минатата година.
Барањето е испратено еден ден откако грчкиот Врховниот суд одлучи офицерите, кои побараа азил во Грција, да не бидат екстрадирани во Турција, со образложение дека се во животна опасност.
Осум турски офицери на 16 јули минатата година слетаа со хеликоптер во северна Грција и побараа политички азил.
Турското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Грција ги штити учесниците на неуспешниот пуч и дека пресудата на грчкиот суд „политички е мотивирана“ и спротивна на меѓународниот закон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа