-->
-->
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-->
Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер претстави план во две фази за враќање на сириските бегалци, уверувајќи дека процесот ќе биде безбеден и доброволен, пренесува „Хуриет дејли њуз“.
– Во првата фаза ќе се организира враќање на сириските бегалци од камповите во близина на Идлиб, а потоа и на тие што живеат во Турција, објасни Ѓулер пред пратениците.
Тој посочи дека е постигнат напредок за безбедно враќање на бегалците, а Турција ги проширила граничните капацитети за да го олесни овој процес.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека повеќе од 7600 сириски мигранти ја преминале границата во првите пет дена по падот на режимот на Башар ал Асад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат