Турција одби отварање на бегалски кампови во земјата

Турција одбива на нејзина територија да бидат отворени кампови за прифаќање и регистрирање на мигранти, какви што бара ЕУ, со цел да се справи со мигрантската криза, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
- Им кажавме на Европејците дека нема да има никаков прифатен центар во Турција, истакна Давутоглу, додавајќи дека отворањето на такви центри е „неприфатливо и нехумано“.
За време на вонредниот Самит минатата недела, лидерите на ЕУ се договорија да ги зајакнат надворешните граници поради приливот на мигранти, создавајќи центри за прифаќање и регистрирање во Италија и Грција.
Тие, исто така, соопштија дека ќе одвојат најмалку една милијарда евра дополнителни средства за Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и за Светската програма за храна, со цел да им се помогне на бегалците во соседните земји на Сирија.
Давутоглу ја отфрли идејата неговата земја да ја прифати ваквата помош.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
