Турција од денеска ја администрира Турковак
Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти.
Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата од каде ќе започне вакцинацијата. И самиот Коџа вчера ја прими вакцината Турковак како засилувачка доза, заедно со членовите на специјализираниот научен совет за контрола на коронавирусот.
Турската вакцина Турковак доби одобрение за итна употреба минатата недела. Со воведувањето на Турковак, Турција стана деветта земја во светот што произведува сопствена вакцина против КОВИД-19. Досега во државата се аплицирани 130.656.206 дози вакцина против коронавирус. Вкупно 56,87 милиони луѓе биле имунизирани со најмалку една доза, 51,53 милиони со две дози, а 18,34 милиони примиле трета доза вакцина додека 83,01 отсто од возрасната популација се вакцинирани со две дози, покажуваат официјалните статистички податоци.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство