Турција нема да се вклучи во операцијата во Рака, ако во неа учествуваат и курдски борци
Официјална Анкара ја исклучува можноста Турција да се приклучи кон операцијата на коалициските сили против групата Исламската држава во сирискиот град Рака, ако во офанзивата учествуваат и курдски борци.
- Преговорите се уште траат, па засега не е ништо сигурно. Нашиот принципиелен став е ист каков што беше и за Манбиџ и за Џараблус. Нема да учествуваме во операција во која удел има и курдската партија Демократска унија и нејзиното вооружено крило Силите за заштита на народот, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во интервју за државната телевизија ТРТ.
- Во принцип, го поддржуваме прочистувањето на Рака и другите сириски градови од ИД, но како што и претходно кажавме, ние имаме свои принципи и услови по ова прашање, рече Калин.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот