Турција наесен почнува со производство на Спутник В
Турција ќе почне со производство на руската вакцина Спутник В наесен, најави турскиот професор д-р Исмаил Балак, во изјава за весникот Туркгун. Балак посочи дека целото производство на рускиот препарат против Ковид-19 ќе се врши во Турција.
– Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји, рече тој, додавајќи дека постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални.
– Поради оваа причина, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови, додаде тој. Балак истакна дека кога биле аплицирани две дози од Спутник В, лицата биле заштитени 97,6 проценти од Ковид-19.
Договорите за набавка и заедничко производство на Спутник В беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија Вискоран ќе ја произведува руската вакцина Спутник В во своите погони.
Ново на Сител
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер