Турција ќе продолжи со прекуграничните операции во Сирија
Турција ќе продолжи со прекуграничните операции, чија цел е пронаоѓање и отстранување на терористи. Ова е наведено во изјавата на Националниот совет за безбедност на земјата.
Советот се состана вчера под раководство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Средбата траеше пет часа.
- Прекуграничните операции на турската армија против терористите во Сирија ќе продолжат како досега, додека бидат исчистени сите региони од терористите. Фатените терористи, надвор од границите на Турција, ќе бидат предадени на турското правосудство, се вели во соопштението на Советот за национална безбедност .
На седницата било дискутирано за постигнатиот договор со Русија за запирање на нападите во демилитаризираната зона во Идлиб. Тоа се смета за особено важно од турската страна.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат