Турција ќе дозволи посета на Инџирлик, ако Берлин се дистанцира од Резолуцијата за геноцидот над Ерменците
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека одлуката на Анкара за дозвола на германските пратеници да ја посетат воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани германски војници, зависи од тоа дали Владата во Берлин ќе се дистанцира од Резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците во 1915 година се оквалификувани како геноцид.
Откако германската Влада во јуни ја усвои таа резолуција, Турција забрани на германски пратеници да ја посетата базата Инџирлик, која се наоѓа во близина на границата со Сирија.
Чавошоглу, на прес-конференција во Анкара рече дека посетата ќе биде овозможена, „доколку Германија ги преземе неопходните чекори“.
- Но, за жал, морам да кажам, дека на оние кои се мешаат во нашата историја и манипулираат со неа на нечесен начин, не може да им се дозволи посета, изјави Чавушоглу.
Претходно денеска, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, кој се врати од посета на Анка, изјави дека двете земји оствариле напредок во решавањето на проблемот околу посетата на Инџирлик.
Пред два дена и германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Берлин води преговори со Анкара за да се овозможи пратеници од Бундестагот да можат да ги посетат 250 војници во турската воздухопловната база Инџирлик, кои таму се наоѓаат како поддршка на борбата против Исламска држава , водена од коалицијата, предводена од САД.
Германското Министерството за одбрана претходно соопшти дека сакаат нивната војска и натаму да ја користи базата Инџирлик, но дека сепак бараат и алтернативни решенија.
Ново на Сител
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, Македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи