Турција ја повика ЕУ да биде чесен посредник во споровите на Анкара со членките на Унијата
Турција денеска ја повика Европската унија да биде „чесен посредник“ во споровите меѓу Анкара и членките на Унијата – Франција, Грција и Кипар.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, предупреди дека Анкара ќе биде принудена да примени реципрочни мерки како одговор на евентуалните одлуки на ЕУ против Турција.
-Ние сакаме да работиме со ЕУ. Ако ЕУ донесе дополнителни одлуки против Турција ние ќе бидеме присилени да реагираме реципрочно. Ситуацијата ќе стане уште понапната и нема да има корист за никого, рече Чавушоглу.
На заедничката прес-конференција со европскиот министер за надворешни работи Јосеп Борел во Анкара, Чавушоглу повторно ја повика Франција да и се извини на Турција за описот на спорот меѓу бродовите на двете земји во Средоземното Море, заради што Париз го суспендира своето учеството во поморската операција на НАТО.
Франција минатата недела привремено го прекина учеството во поморската операција на НАТО, откако Париз ја обвини Турција за кршење на ембаргото за оружје на ОН кон Либија.
Борел дојде во Турција во време на големи тензии меѓу Брисел и Анкара поради бројни прашања, вклучувајќи го и спорот на Турција со Франција, но и со Грција и Кипар за правото на барање нафта и гас во источниот Медитеран.
Шефот на европската дипломатија пристигна во Анкара пред состанокот на ЕУ на кој заедницата од 27 земји може да донесе мерки против Турција.
Борел рече дека Турција е важен партнер за ЕУ, иако односите „во моментов не се најдобри“ и повика на поголема соработка и дијалог со цел надминување на тензиите.
-Во моментов ситуацијата е далеку од идеална. Имаме заеднички интерес да излеземе од оваа ситуација и да тргнеме на нов позитивен пат, рече Борел.
Ново на Сител
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка
-
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
-
Кривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
-
Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“
-
Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали
-
Шпанија ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот