Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
Одобрена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информира министерот за правда, Кренар Лога.
„Денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, вели Лога.
Љупчо Палевски Палчо повеќе од четири месеци е во екстрадационен затвор во Турција. Тој е првоосомничен во истрагата за грабнување и убиство на свиреп начин на малолетната Вања и на фризерот од Велес, Панче Жежовски.
Нивните тела беа пронајдени во ист ден, на 3 декември лани – едното во близина на Скопје, а другото кај Велес.
Палевски беше уапсен неколку денови подоцна во Турција.
Како соизвршители во делата во притвор се наоѓаат уште три лица.
Петтоосомничен е нејзиниот татко, кој минатата недела, по одлука на Врховниот суд, доби мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.
Мартин Арсов
Ново на Сител
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба