Турција има планови за акција при евентуален бегалски прилив од Африн
Турската Дирекција за управување со кризи и вонредни ситуации (АФАД) подготви планови за акција при евентуален бегалски прилив од Африн кон Идлиб и Азаз, изјави шефот на оваа владина служба Мехмет Ѓолуоглу.
Според весникот „Хуриет дејли њуз“, вниманието на АФАД во моментов е фокусирано на две хуманитарни операции во реонот на Африн. Едната е насочена кон изградба на бегалски кампови при евентуално бегство на цивили од Африн, а втората операција е насочена кон обезбедување на хуманитарна помош за цивилите кои живеат во градовите во кои турската армија ја спроведува операцијата „Маслиново гранче“.
- Имаме планови за изградба на вкупно девет кампови во областите како Азаз, кои се исчистени од терористи за време на операцијата „Еуфратски штит’ (завршена во март минатата година), како и во Идлиб. Го информиравме Генералштабот на турската армија и голем број институции дека можеме да изградиме камп и во Африн ако е потребно. Се уште, сепак, не можеме да предвидиме колку луѓе ќе го напуштат Африн, така што подготовките ќе се вршат согласно случувањата во офанзивата „Маслиново гранче“, изјави Ѓолуоглу.
Тој додаде дека и по речиси два месеца од почетокот на операцијата „Маслиново гранче" се уште нема масовен прилив на бегалци и оти има две причини за тоа. Едната причина, според него, се должи на тоа што борците на Партијата на демократската унија не им дозволуваат на цивилите да бегаат од Африн, а втората на фактот што турската армија дејствува внимателно при извршувањето на операцијата "Маслиново гранче.
Ѓолуоглу уште информира дека АФАД во моментов доставува храна и лекови во селата, кои се „исчистени од терористи“ во реонот на Африн.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата