Турција има намера во СТО да се жали на руските санкции
Турција има намера да поднесе жалба во Светската трговска организација (СТО) и во меѓународните судови против економските санкции на Руската федерација, изјави вчера турскиот министер за економија Мустафа Елиташ, цитиран од ТАСС.
Министерот посочи дека во многу руски мали градови се врши невиден притисок врз турските компании да ги префлат своите удели кај своите руски партнери.
-Во трговијата, исто така, треба да има морална основа. Овие претприемачи изразија доверба кон руската Влада, инвестирајќи во земјата. Ние пред меѓународните судови ќе побараме обновување на правата на сите компании кои трпат штети, изјави Елиташ во интервју за весникот „Дејли Сабах“, забележувајќи дека во моментов Турција собира докази за поднесување на жалбата.
Кризата во односите меѓу Москва и Анкара се појави заради инцидентот од 24 ноември, кога турски ловци соборија руски бомбардер „Су-24“ во реонот на границата со Сирија. Анкара тврди дека рускиот авион го нарушил нејзиниот воздушен простор, а руското Министерство за одбрана сето тоа го негира. Како резултат на инцидентот Русија на Турција и наметна серија економски санкции.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност