-->
-->
Турција го повлече својот амбасадор од Берлин
-->
Веднаш по гласањето во Бундестагот со кое смртта на 1,2 милиони Ерменци во првата светска војна во Отоманската империја е прогласено за геноцид, официјална Анкара го повлече својот амбасадор во Берлин, јави дописникот на МИА од Берлин.
Турскиот амбасадор во Германија Хусеин Авни Каршиоглу се очекува денеска да ја напушти земјата, објави „Зидојче Цајтунг“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предходно изјави дека изгласувањето на резолуцијата со која што Турција е одговорна за геноцид ќе има сериозни последици по односите меѓу двете земји. За турскиот премиер Јилдирим одлуката на Бундестагот е дело на „расистичкото ермнско лоби“ а турскиот вицепремиер Нуман Куртумлуш резолуцијата ја нарече „историска грешка“.
Германската канцеларка Меркел, која што не беше присутна на гласањето во Бундестагот, сепак не гледа сериозна опасност по односите меѓу двете земји.
- Постојат многу работи што ги врзуваат Германија и Турција и дури и ако имаме различни мислења за одделни работи силата на нашите врски, нашето пријателство, нашите стратешки врски се големи, изјави Меркел по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Берлин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот