-->
-->
Турција доби судски спор против Грција која ќе треба да и исплати сто милиони долари отштета
-->
Турција доби арбитражен судски спор против Грција, која беше осудена да и исплати сто милиони долари отшета. Тоа го соопшти турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдаз, јави БТА.
Турција пред четири години покрена процес во меѓународниот арбитражен суд со барање за отштета, поради тоа по вина на грчката страна бил прекинат енергетски договор меѓу турската енергетска компанија Боташ и грчката Депа.
- Знаеме дека Грција е во тешка финансиска состојба. Би сакале да и помогнеме на Грција во овој тежок момент, но интересите на нашата страна и на компанијата Боташ за нас се над се, изјави турскиот министер Танер Јилдаз.
Турски извори коментираат дека на Грција ќе и биде тешко дури и невозможно да ја исплати таа сума.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП