Спорт плус
12. January 2016 - 17:14

Турчинките со втора „нула’’ на Европското ватерполо првенство

 
 
Се случи и тоа. На Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград, женската репрезентација на Турција ја забележа втората „нула’’ (0). 
 
По поразот во првото коло од Русија со 29:0, Турчинките и во вториот меч на шампионатот не постигнаа гол. Тие денеска беа поразени од Холандија со 25:0.
 
Ова беше дуел од А групата во која Русија славеше уште една убедлива победа, овој пат над Португалија со 21:5. Во последниот меч од оваа конкуренција Унгарија ја победи Грција со 9:6. 
 
Табела – А група:  Русија 6 бодови, Холандија 6, Грција 3, Унгарија 3, Португалија 0 и Турција 0.
 
Утре ќе се играат дуелите 3.коло во група Б, а двојките се: Шпанија – Франција, Германија – Италија и Хрватска – Србија.
 
Табела – Б група: Шпанија 3 бодови, Италија 3, Германија 3, Србија 0, Франција 0 и Хрватска 0. 

Ново на Сител