Тупураинен: Европа има обврски кон Западен Балкан

Финското претседателство со Европската унија е целосно посветено на процесот на проширување и од денешниот состанок очекуваме сигнал до регионот на Западен Балкан, што Европа ќе стори во врска со Северна Македонија и Албанија, порача денеска финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен при пристигнувањето во Луксембург на Советот за општи работи, на кој на ниво на министри за надворешни работи треба меѓу другото да се разговара и околу одлуката за почеток на преговори со двете земји.
-Проширувањето е на агендата и ние како претседателство сме целосно посветени на процесот и денеска очекуваме сигнал до Западен Балкан, за она што Европа ќе го стори во однос на Северна Македонија и Албанија. Европа има обврски и мораме да одговориме на регионот на Западен Балкан.
Тупураинен нагласи дека засега не сака да го предвидува текот на разговорите, повтори дека финското претседателство го поддржува проширувањето, но додаде дека мора да се слушат и ставововите на другите-земји-членки, бидејќи одлуките се носат со консензус.
На дневен ред, денеска на состанокот во Луксембург, е и Брегзит, а финската министерка нагласи дека мора да бидат подготвени на сите можни сценарија.
-Треба да бидеме подготвени дека ќе има договор, но мора да бидеме подготвени и дека нема да има, додаде таа.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
