Тупураинен: Европа има обврски кон Западен Балкан

Финското претседателство со Европската унија е целосно посветено на процесот на проширување и од денешниот состанок очекуваме сигнал до регионот на Западен Балкан, што Европа ќе стори во врска со Северна Македонија и Албанија, порача денеска финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен при пристигнувањето во Луксембург на Советот за општи работи, на кој на ниво на министри за надворешни работи треба меѓу другото да се разговара и околу одлуката за почеток на преговори со двете земји.
-Проширувањето е на агендата и ние како претседателство сме целосно посветени на процесот и денеска очекуваме сигнал до Западен Балкан, за она што Европа ќе го стори во однос на Северна Македонија и Албанија. Европа има обврски и мораме да одговориме на регионот на Западен Балкан.
Тупураинен нагласи дека засега не сака да го предвидува текот на разговорите, повтори дека финското претседателство го поддржува проширувањето, но додаде дека мора да се слушат и ставововите на другите-земји-членки, бидејќи одлуките се носат со консензус.
На дневен ред, денеска на состанокот во Луксембург, е и Брегзит, а финската министерка нагласи дека мора да бидат подготвени на сите можни сценарија.
-Треба да бидеме подготвени дека ќе има договор, но мора да бидеме подготвени и дека нема да има, додаде таа.
Ново на Сител
-

Хуманитарен инклузивен турнир во пинг - понг во Кавадарци
-

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа
-

МЗ: Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби
-

Русија ноќеска повторно го нападна Киев со балистички ракети
-

Лука Дончиќ испиша историска страница во НБА лигата
-

Анонимен донатор ја спасува привремено американската војска од блокада на платите
-

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
-

Македонија со 23 кикбоксери на „ВАКО Балкан опен 2025“ во Тешањ
