Тунел за дезинфекција на луѓе пред градскиот пазар во Кавадарци
Тунел за дезинфекција на луѓе од денеска е поставен пред градскиот пазар во Кавадарци, како една од многубројните превентивни мерки против коронавирус кои ги презема кавадаречката локална ссмоуправа.
– Се приклучуваме кон светските практики за борба со вирусот. Пазарот е најфреквентното место во градот. Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идејата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазаришен простор. Тунелот го добивме како резултат на иницијатива и донација од општествено одговорни субјекти, нагласија од локалната самоуправа.
Електронскиот дел на тунелот е изработен и дониран од професорот иноватор Димитрија Ангелков. Донирале и дизајн студио „Нова-М”, „Грин хаус”, автосервис „Автомито”.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија