Џет-Сет
7. February 2017 - 17:44

Туна го покажа бременото стомаче, веќе избра и име за синот

Скопската пејачка со албанско потекло Алтуна Сејдиу позитивно ја шокираше јавноста со новата фотосесија преку која ја објави среќната вест за приновата.

-Утро како ова за да можеш да надминеш се во животот, напиша пејачката над фотографијата на која позира со вереникот Патрис Бериша и малиот Смит во стомакот, во стилот на Бијонсе.

tuna1

Избраникот на Туна е косовски музичар, двојката е заедно околу една година, а пејачката зад себе има еден пропаднат брак со Рилинд Река.

tuna