Тухел ќе ја преземе контролата врз трансферите на Челзи
Новите сопственици на Челзи го гледаат тренерот како најважен адут на клубот и поради тоа Томас Тухел ќе ја преземе целосната контрола над трансферите.
Според „The Telegraph“, на тренерот му било ветено дека ќе може сам да управува со трансфер политиката на клубот, исто како што е во Манчестер сити и Ливерпул, каде Пеп Гвардиола и Јирген Клоп имаат големо влијание на трансферите.
Во клубот од Лондон се уверени дека најдобриот начин да се принудат Манчестер сити и Ливерпул да се борат за титулата во Премиер лигата е да му се даде на Тухел истата моќ што ја имаат Гвардиола и Клоп. На неодамнешниот состанок, Тод Боели му сигнализираше на Тухел дека новите сопственици ќе дадат се од себе за да ги исполнат барањата на тренерот.
Германецот се уште интензивно работи со директорката на Челзи, Марина Грановскаја и клупскиот советник Петр Чех, но сега мислењето на Тухел ќе биде главно во одлучувањето.
Мислењето на Тухел ќе биде одлучувачко и за иднината на напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, кој сака да се врати во Интер. За Белгиецот минатото лето „сините“ потрошија 97,5 милиони фунти.
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
