Тенис
4. May 2016 - 11:40

TС на Франција корумпиран?!

Француската полиција извршила претрес во просториите на Тенискиот сојуз на Франција (ФФТ), поради наводи за корупција.
 
Претседателот на ФФТ Жан Гашасен, инаку поранешен рагбист, е осомничен за илегално продавање на билетите за Ролан Гарос, поради што полицијата покрај во просториите на Тенискиот сојуз на Франција извршила претрес и во неговиот дом.
 
Покрај за нелегални продавање на билети, Гашасен се товари и за корупција, поврзана со плановите за проширување на трите централни терени на Ролан Гарос.
 
Како дел од полициската истрага, контрола била извршена и во една турустичка агенција, чие седиште е во јужниот дел на Франција.
 
Изминатите месеци, тенисот е поврзан со неколку скандали, вклучувајќи и местење на мечеви на најголемите турнир.
 
Ролан Гарос, вториот Грен слем турнир во сезоната, ќе започне на 22.мај.