Свет
7. July 2017 - 11:45

Трудо: Трамп треба да ја предводи борбата со климатските промени

 Канадскиот премиер Џастин Трудо за германскиот весник „Билд“ изјави дека лидерите на земјите од Г-20 ќе му предочат на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој треба да биде пример за поддршка во борбата против климатските промени. 

- Пред него ќе изјавам дека е важно да ја преземе водечката улога во справување со климатските промени и во создавањето на добри работни места, истакна Трудо.

Трамп минатиот месец одлучи САД да се повлечат од Парискиот договор за климатски промени .