-->
-->
Трудо: Канада нема да стане дел од САД
-->
Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.
-Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави.
Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери, рече Трудо во објавата на „Х“.
Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“, додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис