Трудна мајка се обесила еден месец пред да се породи а прошталната порака ќе ве наежи
36- годишната Кејт од Лондон, трудна мајка која страдала од постпородилна депресија се обесила пред да го роди своето второ дете.
Таа после раѓањето на својата прва ќерка Ирис страдала од постопродилна депресија, одела на терапија,ги убедила докторите дека е подобра, но за жал кога била во 30-та недела од втората бременост таа е пронајдена како виси обесена во плакарот.
Нејзиниот сопруг Стуард рекол дека тоа биле тешки времиња и дека таа претходно имала два инцидента пред да заврши во болница.
- Таа се обидуваше да продолжи со терапија. Ние разговаравме, но немав поим дека има намера да си го одземе животот. Таа страдаше од депресија, беше многу затворени, а последен пат зборувавме утрото пред нејзината смрт - рече тој.
Стуарт рекол дека се изгледало подобро во првите пет месеци, но нејзината ситуација се влошила кога повторно забременила.
Кејт пред да си го одземе шивотот оставила и проштално писмо:
Стуарт, не влегувај. Жал ми е за се, ти си прекрасен човек и би сакала да го вратам времето назад- напишала таа
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон