Македонија
31. October 2016 - 22:04

Трпески: Од ден на ден лагите од СДСМ се разобличуваат, затоа граѓаните ќе гласаат за победа на ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ денес оствари средба со жителите од Општина Зелениково при што беше запознаен со идеите и предлозите на жителите за новата Изборна програма.

-Изборната програма на ВМРО- ДМПНЕ е програма од народот за народот. Во изминативе 10 дена функционери од ВМРО ДМПНЕ ги посетија сите градови во Републиката. Пораката од граѓаните е јасна, сите се за крај на политичката криза и сите се за продолжување на започнатиот пат за нови проекти и нови мерки за подобар живот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работеше изминатиов период за подобрување на инфраструкутрата која во 2006 година беше во очајна состојба, рече Трпески.

Посочи дека со Буџетска поддршка, поддршка на Светската банка, поддршка од Банката за обнова и развој и поддршка од други меѓународни финансиски институции, во изминативе 10 години се изградија нови водоводни системи, нови канализациони системи и многу нови патишта од сите категории.

– Денес во завршна фаза е изградбата на трите нови автопати, изградивме над 510 км регионални патишта а се изградија и над 750 км локални патишта.

Тука во Зелениково се реконструираа две локални патни делници и тоа Зелениково – с. Пакошево – с. Ново Село во должина од 4 км и во вредност од 10.302.390 денари и с. Таор – с. Ржаничино во должина од 3 км а во вредност од 34.640.648 денари. Од проектот изградба на 120 тениски терени Општина зелениково доби едно игралиште а во изградба е и едно мултифункционално игралиште, рече Трпески.

Тој потенцираше дека новата изборна програма ќе биде најголема, наобемна и најдетална.

-Програма која ќе понуди многу нови идеи, многу нови проекти, многу нови детално испланирани реформи во сите сфери на општествениот живот.

Една по една, од ден на ден лагите од СДСМ се разобличуваат и граѓаните тоа го гледаат и препознаваат, сценаријата за дестабилизација на државата не поминаа и затоа на 11 декември граѓаните ќе гласаат за 10. победа на ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници, рече Трпески.