Трпески: Анѓушев си додели тендер сам на себе
Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја искористи својата функција да си додели тендер сам на себе од неверојатни 2.6 милиони евра и тоа од ЕЛЕМ на својата фирма „Фероинвест“.
Анѓушев се откажа од својата плата во висина од околу 1.000 евра но очигледно е дека своето домашно салдо го надоградува со милионски тендери и тоа во висина од 2.6 милиони евра.
За да се оправда самиот себеси и криминалната врхушка се обидува да ја изманипулира македонската јавност со смешни образложенија дека тој не е управител на фирмата „Фероинвест“, туку дека управител е друго лице, а тој е само сопственик.
Почитувани,
Ова е скандал од огромни размери. Сите независни правни експерти го осудија вицепремиерот Анѓушев, кој додели тендер сам на себе во висина од 2.6 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за вакви „бонбона бизнис” намери на оваа влада, дека нивната примарна цел е само личен интерес и личното богатење со парите на граѓаните, а тоа се потврди и во изминатите 100 дена.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува надлежното Јавно обвинителство да отпочне постапка за утврдување на кривична одговорност дали и под кои услови тендерот е доделен на фирмата „Фероинвест“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Поради сето ова на 15-ти октомври граѓаните на Република Македонија ќе стават крај на ваквото криминално работење на владата на СДС.
Ново на Сител
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина
-
Во февруари 82,4 отсто од потрошената струја од домашно производство