Трошоците за живот зголемени за 2,6 % а цените на мало за 2,7 отсто споредбено со лани
Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0.6 %.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, Рекреација и култура за 1.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Здравје за 0.4 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %.
Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1.6 отсто.
Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години