Трошоците на живот во март зголемени за 0,1 процент
Трошоците на живот во март се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало за 0,2 проценти во споредба со февруари годинава.
Државниот завод за статистика денеска објави дека порастот на трошоците на живот се должи на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје, јајцата, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, свежата и разладената риба, како и изнутриците и другите прехранбени производи.
Пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптички инструменти, другите услуги за опрема за сопствен превоз, градините, растенијата и цвеќињата, резервните делови и опремата за сопствен превоз, авионскиот превоз на патници, средствата за чистење и одржување на станот и туристичките аранжмани......
Намалување на трошоците на животот има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, кај маслото и маснотиите, оризот, млекото и замрзнатото овошје, безалкохолните пијалаци и другите преработки од месо. Во март намалување има и кај болничките услуги, теписите и другите покривки за под и обувките.
Во споредба со март минатата година трошоците на живот се намалени за 0,4 отсто, а цените на мало за 1,1 отсто.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот