Трошоците на живот во март повисоки за 1,4 отсто
Трошоците на животот во март 2019 година, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,4 отсто, додека цените на мало останале непроменети. Во однос, пак, на март минатата година трошоците на живот бележат раст од 1,4 отсто, а цените на мало од 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Пораст на индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6,8 отсто, цигарите за 5,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,7 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1,4 отсто, маслото и маснотиите за еден отсто, јајцата за 0,9 отсто, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,7 отсто, млекото, јогуртот, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, трбушките за 0,4 отсто и месото за 0,2 отсто.
Во март 2019 година, исто така пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и мазивата како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,2 отсто, велосипедите за 2,9 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 2,2 отсто, течните горива за домаќинствата за два отсто, мебелот и покуќнината за 1,7 отсто, автомобилите за 1,5 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата за еден отсто, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,8 отсто, услугите за рекреација и спорт за 0,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, другите медицински производи за 0,4 отсто, градините, растенијата и цвеќињата, накитот и часовниците за 0,3 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите пекарски производи за 0,6 отсто, житата за појадок за 0,3 отсто, другите преработки од месо, другите прехранбени производи и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 3,7 отсто, конфекцијата за домаќинствата за 1,1 отсто, обувките, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за еден отсто, ткаенините за 0,8 отсто, текстилот за домаќинство за 0,6 отсто, телефон и телефакс-опремата, информатичката опрема за 0,4 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз, книгите за 0,3 отсто.
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица