Трoшоците на живот и цените на мало во ноември пониски за 0,2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот и цените на мало во ноември 2016 година, во однос на претходниот месец, се помали за 0,2 отсто.
Намалувањето е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17.0%, оризот за 8.0%, компирот за 1.2%, месото за 0.6%, маслото и маснотиите за 0.5% и замрзнатото овошје за 0.2%. Во ноември, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.1%, информатичката опрема за 1.7%, книгите за 0.3%, терапевтските помагала и услугите за култура за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3.2%, јајцата за 0.9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8%, полномасното млеко за 0.7% и другите прехранбени производи за 0.3%. Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс опремата за 3.2%, болничките услуги за 1.4%, услугите за сместување за 1.3%, течните горива за домаќинствата за 1.1%, мотоциклите за 1.0%, накитот и часовниците за 0.6%, обувките за 0.5%, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.4%, гасот за домаќинствата, градините, растенијата, цвеќињата, рестораните и кафулињата за 0.3%, облеката, течните горива и мазива за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележи намалување од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0.2%.
Ново на Сител
-

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
-

Кривична за Оливер Спасовски, спречил одземање лиценца на технички преглед во Сарај
-

Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази, под притисок на јавноста и политички игри
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
-

Кафуле за „љубовни средби“ со „идеалната“ ВИ-личност
-

Јамал фудбалер играч со најмногу голови и асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст
-

Кина погуби поранешен генерален директор поради примање мито
