Балкан
27. September 2015 - 11:21

Тројца загинати во сообраќајна несреќа - Пожарникарите го сечеле автомобилот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Србија, кај Крушевац. Пожарникарите морале да го сечат автомобилот за да ги извадат телата.

Во несреќата, како што пишуваат српските медиуми загинале Г.Ј. (42), Д.С. (41) и Д.М. (45), додека со тешки повреди се здобила 34 годишната Ј.И. која била пренесена во Ургентниот центар во Белград.

Несреќата се случила кога автомобилот „Фиат“, во кој се наоѓале загинатите и повредената, претекнувал, по што директно се судрил со камион.