Тројца загинати во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина
Три лица загинаа, а уште најмалку две се повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина, објави на Телеграм гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко.
Кириленко наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. „Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на уште едно злосторство на руските окупатори“, додаде тој.
Претходно денеска Кириленко објави дека четири лица загинале, а најмалку седум се ранети од руското гранатирање во последните 24 часа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „исклучително тешка“, особено во источниот регион Доњецк, каде Русија ја засилува својата офанзива како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари минатата година.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина во торнадото што ја погоди сојузната држава Мисисипи во САД
-
МВР: Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје - се служело алкохол на малолетници
-
ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
СДСМ: Нов успех на Владата и премиерот Ковачевски, рекордни странски инвестиции од 735 милиони евра
-
Полицијата уапси повеќе дилери во Скопје - пронајде марихуана и прашкаста материја
-
САД: Двајца загинати, деветмина исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади
-
Терористичката „Исламска држава“ киднапираше 40 луѓе и уби 15 во централна Сирија
-
Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата