Тројца Сиријци уапсени во антитерористичка акција во Германија
Тројца Сиријци, кои биле испратени во Германија од џихадистичката група Исламска држава (ИД) за да извршуваат терористички напади, се уапсени утринава, соопшти германското државно обвинителство.
Тројцата џихадисти, на возраст меѓу 17 и 26 години, се уапсени по обемната полициска рација, спроведена на територијата на Шлезвиг Холштајн и Долна Саксонија.
Во соопштението на Обвинителство се вели дека при рацијата се најдени и заробени големо количество пропаганден материјал, но полицијата засега нема откриено детални планови за целите и локациите на планираните напади.
Тројцата влегле во Германија во ноември 2015 година, за, како што се верува, да ја испитаат ситуацијата во земјата и да чекаат инструкции од водството на ИД.
Сиријците патувале преку териториите на Турција и на Грција, со лажни пасоши.
Германската истрага верува дека станува збор за тројца доброволци за извршување џихадистички напади кои пред да ддојдат во Германија биле обучувани за ракување со оружје и со експлозиви.
Во денешната рација, изведена пред зори, учествувале 200 полицајци и специјалци, кои извршиле претрес во дестина локации, меѓу кои, според весникот „Велт“ и три места каде се наоѓаат бегалци. Сепак, портпаролката на Федералната криминалистичка полиција не ги потврди овие информации.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение