Тројца повредени во тешка сообраќајка кај Прилеп
Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари.
Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп.
Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен судир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф“ и „Алфа Ромео“, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец.
– Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“, 24-годишна со иницијали С.Е. од прилепското Кадино Село. Возачот на „Голфот“, 25-годишна со иницијали М.Т. е со телесни повреди, истакна Стаматова.
Полицијата и јавен обвинител направиле увид на местото на несреќата.
Поради сообраќајната несреќа патниот правец Прилеп – Крушево беше затворен за сообраќај од 17.30 часот.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција