Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
Попладнево околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа на едно возило на автопатот од Велес кон Гевгелија кај крстосницата Башино Село, над Велес, потврди за МИА портпаролот на велешката полиција Билјана Ѓаковска. Полициски екипи извршија увид, поради што сообраќајот на автопатот од наплатната станица Сопот кон Гевгелија беше пранасочен на регионалниот пат над Велес.
Како што информира за МИА д-р Ќами Амзиу од Службата за брза помош од Велес, кој прв со медицинска екипа бил повикан на местото на настанот, во несреќата има тројца повредени - семејство од кое 43 годишната ќерка - возач има полесни повреди, а со потешки телесни повреди се здобиле нејзините татко кој бил совозач и мајката која седела назад. Сите повредени се вон животна опасност.
Тие по укажаната прва помош веднаш со медицинско возило се препратени на понатамошно лекување во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
АМСМ соопшти дека од 17:35 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец од наплатна станица Сопот кон Гевгелија, кај крстосница Башино село.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност