Тројца повредени со нож во групна тепачка во Тетово
Во текот на денот тетовската полиција уапсила четворица жители на градот кои изминатата ноќ учествувале во тепачка во која бил употребен и нож, при што со повреди се здобиле три лица кои побарале лекарска помош во клиничката болница.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека повеќето настани започнале половина час пред полноќ.
-Во 3:00 часот е добиена пријавата дека неколку часови претходно на улицата 141 во близина на тетовската касарна бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале М.Д.(41), Д.А.(43), Ж.А.(45), А.И.(37) и Б.З.(30). Притоа, бил употребен и нож, а со повреди се здобиле лицата М.Д., Д.А. и Ж.А. и на нив им била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Потоа во текот на денот сите четворица била најдени од страна на полициските службеници и задржани во полициската станица. Истрага ја води тетовското Јавно обвинителство и ќе се утврдуват мотивите, како и сите поединости околу физичката пресметка во која бил употребен и нож.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата