Балкан
21. February 2016 - 13:43

Тројца новинари на Анадолија киднапирани од ПКК

Тројца репортери на турската новинаска агенција Анадолија се киднапирани од бунтовници на ПКК во округот Мерсин.

Анадолија потврди дека тројца нејзини новинари се киднапирани од приапдници на ПКК.

Агенцијата соопшти дека тероритстите од ПКК држат заробени повеќе од 48 часа тројца нејзини новинари.

Новинарите биле испратени минатата недела во градот Нусајбин во округот Мерсин да известуваат за случувањата во регионот, јави Анадолија.