Тројца научници добитници на Нобеловата награда за хемија

Нобеловата награда за хемија во 2017 година им е доделена на тројца научници за развој на ефикасна метода за генерирање тридимензионални слики на молекули на животот, метода која ја внесува биохемијата во нова ера, соошти Шведската кралска академија на науките.
Добитници на наградата се Жак Дибоше од Универзитетот во Лозана, Јоаким Франк од Универзитетот Колумбија во Њујорк и Ричард Хендерсон од Универзитетот во Кембриџ во Британија. Наградата се однесува за развој на криоелектронската микроскопија.
Со употребата на криоелектронската микроскопија научниците сега можат да замрзнат биомолекули во момент на движење и да ги прикажат во атомска резолуција. Исто така можат да визуелизираат процеси кои претходно не ги виделе. Тоа е одлучувачко за разбирање на хемијата на живите организами и за развој на фармацевтските производи, наведува Академијата во соопштение.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
