Тројца мртви и четворица повредени авганистански мигранти откако иранската полиција им пукала во возилото
Авганистанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека иранските власти од провинцијата Јазд прифатиле дека нивните полициски сили претходно неделава пукале врз возило со авганистански мигранти, предизвикувајќи ја смртта на тројца од нив, јави ДПА.
Германската агенција дополнува дека во инцидентот се ранети уште четири лица, за кои првично авганистанската Влада соопшти дека е „сообраќајна несреќа“, откако возилото било запалено по пукањето врз него.
Снимки од запалениот автомобил и еден авганистански мигрант, кој очигледно го преживеал инцидентот, на кои се гледа како бара вода, пред два дена нашироко кружеа по авганистанските социјални медиуми. Автентичноста на снимките меѓутоа не можеа да се потврдат од независен извор.
Во денешната изјава на Министерството се вели дека иранските власти на авганистанската влада и посочиле дека учесниците во инцидентот ќе ги земе на одговорност. Се додава дека по спроведената истрага, владата во Кабул ќе преземе дополнителни чекори.
Инцидентот со автомобилот се случува еден месец откако иранската гранична полиција беше обвинета за присилување на околу 50 мигранти да влезат во река на иранско-авганистанската граница, во провинцијата Херат, обвинение што Иран го негираше.
Според извештаите на ОН, во моментов има приближно еден милион регистрирани авганистански бегалци кои живеат во Иран, додека земјата е домаќин на уште два милиони Авганистанци кои се без документи, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
-

Соопштение до јавноста од Рамсторе Македонија
-

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
-

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик
