Тројца мртви, еден ранет мигрант во пукотниците кај Хоргош
Тројца мигранти рано утринава загинале, а еден е ранет во меѓусебна престрелка во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничниот појас на Србија со Унгарија, потврдија во Полициската управа во Кикинда, јави дописникот на МИА од Белград.
Престрелката се случила надвор од населениот град Хоргош, но граѓаните на таа населба се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи пријавуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона.
Пукотниците се слушале и во блискиот град Суботица.
Според жителите на Суботица, пукањето траело околу 25 минути, а звуците станувале се погласни, како вооружените мигранти да се приближуваат до градот.
Граѓаните посочуваат дека рафалните пукотници се слушале во близина на куќите. Силни полициски сили на МВР на Србија се на терен. Истрагата е во тек.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел