Тројца мажи осомничени за насилство врз две жени во виничко
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Како што појаснуваат оттаму, додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети - дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и почнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин, како што нагласуваат од ЈО, осомничените сториле кривично дело – Насилство.
-Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство, се вели во денешното соопштение од Обвинителството.
Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и определил притворска мерка за сите осомничени.
Ново на Сител
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања