-->
-->
Тројца кандидати за наследник на Хенкес на клупата на Баерн
-->
Откако стана сосема извесно дека Јуп Хенкес на крајот на тековната сезона ќе замине од тренерското место во минхенски Баерн, германските медиуми постојано „лицитираат„ со можните негови наследници.
Последен во низата е актуелниот тренер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јурген Клоп.
Како што истакнуваат германските медиуми, Клоп кој се почесто е мета на критики поради лошите настапи на Ливерпул сезонава, е најсериозниот кандидат да го наследи Хенкес. Засега, Клоп, се нема огласени по ваквите натписи иако информацијата веќе ја пренесе и англиските медиуми.
Претходно се споменуваше и тренерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман, но сега весникот „Билд“ не го спомнува неговото име, но затоа и натаму остануваат актуелни тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел и германскиот селектор Јоаким Лев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска