Тројца чешки фудбалери исфрлени од репрезентацијата поради ноќна забава
Тројца чешки фудбалери се исклучени од репрезентацијата, откако биле видени во ноќен клуб, помалку од 48 часа пред решавачкиот натпревар против Молдавија во квалификациите за ЕУРО2024, објавија денеска локалните медиуми.
Дефанзивецот на лондонски Вест Хем, Владимир Куфал и Јакуб Брабец, кој настапува за грчки Арис, како и напаѓачот на Спарта Прага, Јан Кучта, го напуштиле во саботата вечер репрезентативниот камп и тројцата биле фотографирани во ноќен клуб во градот Оломуц каде Чешка в понеделник ја пречекува Молдавија.
Чешката фудбалска федерација го потврди случајот и соопшти дека тројцата репрезентативци не се во комбинацијата за дуелот в понеделник.
На Чешка ѝ е доволен бод од натпреварот против Молдавија за да обезбеди пласман на Европското првенство идната година во Германија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот