Тројца Британци обвинети за неонацистички тероризам

Тројца Британци, меѓу кои и двајца припадници на британската армија, се обвинети за заговор за неонацистички тероризам и за членство во забранетата неонацистичка група Национална акција.
Обвинетите Александар Дикин (22), Мика Вахвилаинен (32) и Марк Барет (24) се дел од групата од петмина уапсени во полициската операција против екстремно десничарската организација спроведена на 5 септенври со помош и подршка на разузнавачките агенции.
Двајца од тогаш уапсените, се ослободени, без против нив да биде покренато обвинување.
Првообвинетиот Дикин се товари за поседување документи, кои според обвинителството, може да се искористат за подготвување терористички напади, потоа за дистрибуција на терористички публикации, како и за потикнување расна омраза.
Вахвилаинен е обвинет за истите кривични дела како и Дикин, но и за насилнички изјави врз расна омраза. Тој е обвинет и за поседување ладно оружје.
Третообвинетиот Барет беше припадник на британаката армија, стациониран во воената база „Декелија“ на Кипар. Таму беше уапсен и потоа префрлен во Велика Британија, каде му беше одреден притвор.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
