Трогир доби кружен тек, но на граѓаните не им е многу јасно како функционира: Овој жолт круг стана вирален
Во Трогир е поставен кружен тек кој во средината е обоен со жолто, а веќе првиот ден предизвикал нарушување на сообраќајот.
Бидејќи е направен така што е само обоен жолт круг, без соодветна сигнализација, возачите изгледа воопшто не се снајдоа.
Мораше да се огласи на крајот и градоначалникот Анте Билиќ:
„Нациот современ „смајли“ ротатор навистина е - решение - проектирано и осмислено од искусни инженери за смалување на гужвата на најфрекфентната раскрсница во градот.
Кружниот тек е дури прилика да видиме дали функционира на оваа локација. Жал ми е што вчера имаше малку неснаоѓање, но настојував преку објава на својот Фејсбук на сите тоа да им го најавам на време. Секако дека станавме вирални и нека се гледа првата од 40-те инвестиции планирани во оваа година“, напиша Билиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација